ВИДЕО: Александра Јанева преработи балада на Anne-Marie

Александра Јанева повторно ги израдува своите фанови подарувајќи им ново акустично видео. Овојпат на нејзината фејсбук страница се појави преработка на балада од мегапопуларната Anne-Marie, еден од најкарактеристичните вокали на денешницата. Песната „Then“ се наоѓа на албумот првенец кој треба да излезе на 27 април годинава. 

Видеото е направено во домашни услови, заедно со нејзиниот лајв бенд 2Be, како што вели таа „за душа“. Аранжманот е на младиот талентиран гитарист Тино Стојановски.

„Кога имаш посебна песна од омилена пејачка, а посакуваш да биде твоја, тогаш не ти останува ништо друго освен да си направиш преработка за душа!“, вели пејачката Јанева на социјалните мрежи. 

Кај нас сè почесто гледаме преработки во индивидуална продукција во отсуство на радио или ТВ емисии со концепт според светските трендови, каде пејачите во живо со својот бенд ги изведуваат нивните најомилени светски хитови.

Иако Александра Јанева е посветена на авторската музика и континуирано издава синглови, во последниот период објави и две преработки, Perfect и Тhen.