(ВИДЕО) БОЕЊЕ ЈАЈЦА СО САЛФЕТКА: Природно и убаво со само две состојки!

Добивај вести на Viber

Велики петок полека се ближи, како и времето за одлука со која техника оваа година ќе ги боите јајцата.

За да ви олесниме, најдовме супер метод, кој не бара многу материјал ни време. Се што ви треба се обични бели салфетки, и течни бои за јајца.

Сварете ги јајцата и изладете ги на собна температура. Раширете бела салфетка и по неа испрскајте по свој вкус. Наша препорака - што пошарено, толку поубаво!

Навиткајте ги јајцата од сите страни, можете малку со прсти да протриете за да се офарба убаво јајцето, па одмотајте, и тоа е тоа!

Добивте прекрасни шарени јајца!

Задолжително користете ракавици, во спротивно едвај ќе ги измиете рацете.

Детална постапка погледнете во видето.