(ВИДЕО) Генијално: Како лесно да ги исчистите радијаторите и да направите да блескаат
Неверојатен брз, лесен и генијален начин на
чистење на радијатори
Незгодно е да се чистат радијаторите и тоа е причината поради која повеќето луѓе ја одложуваат оваа работа. Сепак, една жена го откри својот трик на „ТикТок“ - како длабоко да ја исчистиме внатрешноста на радијаторите за парно греење.
За чистењето таа користи детергент за перење алишта. Во сад додаде детергент и топла вода, а пред да ја истури течноста во радијаторот, стави крпа под радијаторот и пластична кофа на подот, за да не се формира локва вода.
И додека водата беше со сапуница бела кога ја истури во радијаторите, кога излезе од другата страна, излезе темно кафеава боја.
Меѓутоа, ако размислувате да го испробате овој трик и на вашите радијатори, треба да имате радијатори за гас бидејќи електричните може да бидат оштетени. Не само што овој трик темелно ќе ја исчисти внатрешноста на вашиот радијатор, туку и целиот дом ќе мириса убаво.
Видеото собра неверојатни 580.000 лајкови на „ТикТок“, а многумина беа воодушевени од тоа.
@clever.clean ##lumkushmka ##lumkushmeka ##foryoupage ##fypシ ##fyp ##cleanthatup ##cleanbandit ##deepcleanig ##cleaninghacks ##viral ##deepcleanig
Lum Kush M'ka - Greta Koci
- Ова е толку одлична идеја! Ова ќе го правам секој втор викенд од сега - беше еден од коментарите.
Видео: ТикТок
Можеби ќе ве интересира:
Пеглајте ја облеката без пегла: Трик по кој полудеа жените ширум светот