(ВИДЕО) ХЕЛИКОПТЕР КОЈ ЛЕТАШЕ НА СВАДБА СЕ УРНА: За чудо на невестата не и е ништо

Добивај вести на Viber

Хеликоптерот со невестата која леташе на свадба се урна и се запали во Сао Паоло во Бразил, објави во неделата телевизискиот канал Globo TV.

Но, невестата не настрадала, а истовремено три лица коишто биле со неа се сериозно повредени.

И покрај инцидентот свадбата не е откажана.

Еден од очевидците изјавил дека хеликоптерот се затресол во воздухот и паднал на тлото непосредно пред слетувањето. Невестата и пилотот успеале да излезат и да избагаат од хеликоптерот.

Пожарникарите кои пристигнале на местото на несреќата за многу кусо време, успеале да ги извлечат од леталото и преостанатите тројца патници. Потоа хеликоптерот за запалил, но брзо пожарот е изгаснат.