(ВИДЕО) Како порано се славеше Денот на младоста?

Добивај вести на Viber

На 25 Мај, илјадници девојки и момчиња од цела поранешна Југославија два месеци парадираа со штафетата која на свечена церемонија му беше продавана на претседателот на СФРЈ,  Јосип Броз Тито, како своевиден симбол љубовта и предаденоста на неговото дело. 

Самата идеја потекнува од 1945 година од младината на Крагуевац чие Одделение за спорт и фискултура осмислило масовно младиснко штафетно трчање ширум Југославија. Првата штафета на Тито му ја предал Мико Трипало, тогашен претседател на Централниот комитет на Народната младина на Југославија.

Денот на младоста беше празник со кој се славеше 25 Мај - роденденот на Тито. На тој ден момчиња и девојки од цела поранешна Југославија ја носеа низ целата земја и му ја предаваа на Тито штафетата на младоста – своевиден симбол на посветеноста кон неговата оставнина. Во оваа прилика ви пренесуваме видео од 25 Мај 1979 година кога Тито го прослави последниот роденден.