(ВИДЕО) КЕТИ ПЕРИ БАКНА ТИНЕЈЏЕР ВО АМЕРИКАНСКО ШОУ: Момчето остана во шок

Добивај вести на Viber

Поп ѕвездата Кети Пери се најде на насловните страни на американските медиуми откако во првата епизода на новата сезона Американски идол бакна тинејџер без негова согласност.

Бенџамин Глејз, 19-годишен пејач дојде на аудиција, а пред настапот членовите на жирито го прашале дали има девојка.

-Дали некогаш си бакнал девојка и ти се допаднало-го прашал еден член на жирито и го цитирал познатиот хит на Кети Пери  "I Kissed A Girl". Тој одговорил дека не е , а Пери го повикала да ја бакне.


Тој тргнал да ја бакне во образ, но таа се свртела и го бакнала во уста. Останатите членови се смееја и честитаа, и веднаш рекоа како тој бакнеж сигурно ќе биде прва вест во медиумите.


Сепак, медиумите не се воодушевени од таа постапка.

-Ми беше незгодно. Првиот бакнеж сакав да го сочувам за сериозна врска. Сакав тоа да биде посебно. Да ме прашаше дали сакам да ја бакнам, ќе и кажев дека не сакам. Знам дека многумина момчиња нема да ми веруваат, но јас сум воспитан во конзервативно семејство и тоа ми смета-рекол Глејз.