(ВИДЕО) На новороденчиња во тајландска болница им ставаат визири за да ги заштитат од КОВИД-19

фото: Lillian Suwanrumpha/Getty Images

Во болницата „Прарам 9“ во Бангкок, Тајланд, во четвртокот на две новородени бебиња им биле дадени штитови за лице (визири) за да им помогнат да се заштитат од КОВИД-19, додека патувале до дома од болницата.

Во изјава за TIME, болницата објаснува дека во четвртокот медицинските сестри почнале да ги подготвуваат бебињата за да родителите ги однесат дома. Кога мајката на бебињата објаснила дека треба да се вози со такси или јавен превоз за да се врати дома, „медицинските сестри се загрижиле за благосостојбата на бебињата и тие рачно изработиле штитови за лице“, велат од болницата.

Фотографиите се направени преку стаклен прозорец во породилното одделение,  9 април 2020 година, од Лилијан Суваннумпа Getty Images

Американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) препорачуваат деца на возраст од две и над две години да носат маски за лице во јавноста за да помогнат во стопирање на ширењето на коронавирусот. Експертите веруваат дека децата се со поголема веројатност да бидат асимптоматски носители и би можеле ненамерно да го шират вирусот. Меѓутоа, како што изјави  д-р Џејми Меклин, педијатар од детска болница во Националната детска болница во Колумбос, Охајо, „Бебињата и младите мали деца имаат помали дишни патишта… Дишењето преку маска може да биде потешко за нив. Користењето маска на новороденче може да го зголеми ризикот од задушување “. Експертите не препорачуваат да ставите маска на дете до две години.