(Видео) Најлудото интервју со Северина: Се науживав страв и сега не се плашам од ништо!

Добивај вести на Viber

Најпопуларната хравтска пејачка Северина, досега давала безброј различни интервјуа на различни медиуми, но сигурно едно од нејзините најлуди интервјуа е со новинарката Татјана Јуриќ во емисијата „Спленкај ме“. Новинарката лежи под неа, додека Северина одговара на поставените прашања.

„Имам 56 килограми“ откри Северина.

Севе на Татјана и откри дека повеќе го сака Оливер од Џибони, вежбање повеќе од одмарање и авион повеќе од брод. 

Северина изјави дека нејзиниот нов албум ќе биде објавен на 1-ви јули. „Албумот ќе се вика „Хало!" . Исто така се вика и насловната песна за која снимам видео запис во моментов. Ги избирав песните две и пол години и се надевам дека на сите ќе им се допаднат. Ми се допаѓа овој поинаков звук, и има нешто блуз ... “ - откри таа.

Изјави дека се науживала страв и дека не се плаши од ништо, и ако мора да се откаже од мобилен телефон или од автомобил, повеќе би сакала да се откаже од мобилниот засекогаш. „Животот ќе биде подобар и поубав. Тоа е нов вид зависност. Знаеш што - грам по грам - Instagram! ", вели Северина.

Еве видео од емисијата: