(ВИДЕО) Нема игла каде да падне: Настап на Владо Георгиев во Скопје, без маски и дистанца - ќе се затвори барот каде што гостуваше
Пазарниот инспекторат издаде решение за затворање на ексклузивниот лаунч бар „Мош“ во центарот на Скопје.
Директорот на инспекторатот Стојко Пауновски за Фактор изјави дека решението за заторање на „Мош“ е уште од минатата недела, а кривична пријава има од синоќа по гостувањето на српскиот пејач Владо Георгиев.
Пауновски за Фактор испрати и видео од кое јасно се гледа прекршување на сите протоколи за заштита од корона вирусот-огромен број луѓе, нема маски, нема растојание.
-Инспекторите се постојано на терен. Ова е веќе постојана и редовна глетка во ноќните клубови. Имаме изготвено многу повеќе решенија за затворање на кафулиња во повеќе градови и во Струга и во Струмица, Скопје, како што е синоќешниот случај во Драчево. Од понеделник ќе излеземе многу подетално, изјави за Фактор, директорот на Пазарната инспекција, Стојко Пауновски.
текстот продолжува на Фактор.мк