(ВИДЕО) НЕОБИЧЕН ПОДВИГ: Човек сака да го преплива Тихиот Океан
Пливачот Бен Лекомт од Франција кој живее во САД се обидува да стане првиот човек кој ќе го преплива Тихиот Океан, а стартувал од Јапонија.
Педесет и едно годишниот Лекомт ќе плива по 8 часа дневно во наредните повеќе од 6 месеци кон американскиот западен брег.
Ќе се соочи со многу предизвици како ајкули, бури и екстремно ниски температури на водата.
Лекомт се подготвувал со пливање во отворена вода секој ден по неколку часа. Тој имал и вежби за визуелизација и дисоцијација за да биде ментално подготвен.
Подготовките траеле повеќе од шест години, а тој вели дека за оваа цел размислувал многу подолго.
Лекомт кој во 1998 година го преплива Атланскиот океан се надева дека своите деца следен пат ќе ги види во Сан Франциско по поминати 9.100 километри за што ќе му бидат потребни повеќе од шест месеци.
Францускиот пливач истакнува дека планот е секој ден да плива по 8 часа и да потроши 8.000 калории.
Тој се надева дека ќе ја подигне свеста за климатските промени.