(Видео) Објавена снимка од креветот на Хари и Меган

Принцот Хари и Меган Маркл целосно го освоија светот со нивната љубовна приказна. 

Една недела пред големата кралската свадба филмот Harry & Meghan: The Royal Love Story'. конечно ја виде светлината на денот и ги затреси социјалните мрежи. Научивме се што треба да знаеме за најголемата љубовна приказна на годината и како од обична девојка да се стане принцеза.

Во најавата на филмот од 20 секунди се гледа запросувањето на Принцот Хари, но и како тој и Меган разменуваат нежности во креветот. Принцот Хари и раскажува на Војвотката Кејт за неговата врска, и така се подлабоко се развива дружењето меѓу Меган и Хари.


Филмот, исто така, навлегува во детали за потеклото на Меган и бурното минато на Хари.

Кралското семејство секако беше најзагрижено за секс-сцената во филмот, но продуцентката на филмот Мередит Фин изјави: „ Нека не се грижат, луѓето имаат секс!“