Видео од бебе кое спие во количка на улица, во Данска, предизвика бурни реакции: „Ова никогаш нема да биде можно кај нас“

Кога ќе ги погледнеме земјите од Скандинавија, понекогаш ни се чини дека живееме на сосема друга планета, а оваа мисла ни доаѓа и поради видеото во кое една мајка од Данска покажа како нејзиното бебе спие само во количка надвор, додека таа пие кафе во кафуле.

Бебињата да спијат надвор во скандинавските земји не е ништо ново, тоа сме го виделе и слушнале многу пати. Но, фактот дека мајките можат слободно да ги остават своите бебиња сами пред кафуле или на друго место надвор од домот, предизвика многу дебати на социјалните мрежи.

@annieineventyrland

path of the wind ~ my neighbor totoro lofi - Closed on Sunday

Видеото предизвика бурни реакции

Мајката објави видео во кое објаснува дека ова е обичај кој е дел од нивната култура, односно да ги оставаат бебињата да спијат надвор - и да врне и да вее.

Со над 97.000 споделувања и преку милион лајкови, ова видео предизвика лавина реакции, бидејќи кој не би сакал да живее во толку безбедно општество?

„Данската практика бебињата да спијат надвор во своите колички не е само културна норма, туку дури и ја препорачуваат акушерките и медицинските сестри. Имено, тие велат дека свежиот воздух ги одржува бебињата здрави и им помага подобро да спијат, а треба да му дозволите на вашето бебе да спие во количката надвор без разлика на времето“, вели мајката во видеото.

Иако на многумина им е чудно што мајките во Данска слободно го оставаат своето бебе надвор додека се во продавница, или ако врне и нема кој да ја надгледува количката, данската мајка на четири деца објаснува дека бебињата се соодветно облечени и покриени според временските услови.

На видеото јасно се гледа дека количките се покриени, а за сите оние кои се збунија како бебињата се оставени сами на себе, мајката вели дека бебињата никогаш не се далеку од очите на родителите, некои имаат дури и бебе монитор во количката, а вообичаена практика е во секое време да има повеќе колички паркирани во близина.

„Овде бебињата не се киднапираат затоа што никој не сака да биде одговорен за туѓото дете, особено кога нашиот здравствен систем прави се што може за да им помогне на сите што сакаат да имаат дете“, објасни мајката.

А оставањето на бебето да спие во количка не се практикува само кога родителите се надвор. Мајката вели дека нејзиното бебе дреме надвор во количка дури и кога таа е дома.

„Бебето треба да ужива во благодетите на свежиот воздух, тоа е најдоброто место за спиење во моментов и ми се допаѓа што ако јас и моето семејство сакаме да одиме некаде додека тоа дреме, не сме заглавени дома поради тоа“.

Луѓето ширум светот го коментираа видеото

„Замислете да се чувствувате толку безбедно во вашата земја“, „Дефинитивно размислувам за Копенхаген веќе неколку години поради ова“, „Никогаш не би можеле да го направиме ова во Америка, но мислам дека ова е толку кул, и многу ми се допадна кога бев во посета на Исланд“, „Ова никогаш нема да биде можно кај нас“, се дел од коментарите на социјалните мрежи.

Висока стапка на доверба

На оваа приказна се надоврзала една мајка од Норвешка - Мелиса Фрост, која исто така пишувала за оваа практика.

Во овие земји каде што ова е вообичаено, луѓето имаат долгогодишни блиски односи со природата, како и со своите соседи. А според Светскиот извештај за среќа, нордиските земји постојано се меѓу најсреќните, нивните граѓани уживаат поголемо чувство на автономија и исто така имаат поголемо чувство на доверба еден во друг.

Овие земји генерално имаат ниски стапки на криминал, истакнува Фрост, што е веројатно една од главните причини поради кои луѓето не паничат да го остават своето дете во количка надвор.

Истражувањата сугерираат дека бебињата, како и возрасните, подобро спијат надвор и сигурно ќе дремат подолго надвор, но тоа не значи дека луѓето ги оставаат своите бебиња надвор за време на снежни виулици, бидејќи ако времето не е доволно безбедно, тогаш нема потреба од тоа.

@annieineventyrland

peacefall - Purity Ring

извор:zenablic