ПОЗИТИВ НА ДЕНОТ: Бебето не сака да ја пушти мајка си

Сите жени имаат сон да станат мајки и да се грижат за своето семејство. Сепак не е лесно да се носи бебето цели 9 месеци, но затоа пак врската на мајката и децата е навистина посебна, и тоа уште од првиот момент.

Сите знаеме дека процесот на породување е исклучително болен, но штом го видите тоа мало суштство кое излегло од Вас се заборава на целата болка.

Бренда Коелјо де Соуза роди ќерка во болницата Санта Моника во Бразил. 

- Беше неверојатен момент кога мојата ќерка за првпат ме гушна- изјави таа.