(ВИДЕО) Погледнете како изгледала Цеца на 14 години: Таа пее под шатор и не се срами од тоа, а тој ја бодри од публиката
Фолк ѕвездата Светлана Цеца Ражнатовиќ рано ја откри љубовта кон музиката. На 14 години го сними својот прв албум кој ја однесе до самиот врв на поп-сцената.
Сепак, пред да се здобие со вртоглава популарност, таа настапуваше на приватни забави. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како 14-годишно девојче пее на прослава под шатор во Црна Гора.
Закопчана до грло, во едноставна бела кошула и црни панталони и минимална шминка, Цеца ја отпеа „Зелене очи“, а на настапот дојде во придружба на нејзиниот татко Слободан.
Инаку, таа никогаш не се срамела од тоа и секогаш гордо истакнувала дека така ги започнала своите први музички чекори, додека нејзиниот татко и бил придружник на настапите.
„Почнав на многу млада возраст, мајка ми ми беше ментор, ми ги исправаше грешките, на сцена застанав на пет години, на 10 почнав да настапувам на забави, бидејќи веќе бев ѕвезда на локално ниво и чудо од дете, на 14 години го снимив мојот прв албум, другото е историја“, рече еднаш Цеца.