(Видео) Првата Бонд девојка почина на 90 годишна возраст
Британската актерка Јунис Гејсон, најпозната по својата улога како Силвија Ренџ, првата Бонд девојка од филмот „Д-р Не", почина на 90-годишна возраст.
Веста за смртта беше потврдена на нејзиниот официјален профил на Твитер:
„Многу сме тажни што ви соопштуваме дека нашата драга Јунис почина на 8-ми јуни. Таа беше убава дама која оставаше прекрасен впечаток кај секој со кого ќе се сретнеше. Многу ќе ни недостасува", се вели во пораката.
По објавувањето, продуцентот на серијалот Бонд, Мајкл Вилсон и Барбара Броколи, изразија жалење поради снејзината смрт, и исто така ја објавија својата поддршка за семејството Гејсон.
Јунис Гејсон е родена во 1928-ма година во Англија. Таа играла голем број улоги во филмови пред и после станувањето Бонд девојка, пишува Daily Mail.
Таа глуми во ппознатиот хорор „Тhe Revenge of Frankenstein" во 1958-ма година, а се појавува и во познатите телевизиски серии „The Saint and the Avengers".