(Видео) Првата жена- директор на ЦИА поддржува неморални техники на мачење?!

Добивај вести на Viber

Џина Хаспел ќе стане првата жена-директор на ЦИА, откако американскиот Сенат вчера го потврди нејзиниот избор на чело на агенцијата, со што заврши жолчната борба за нејзината номинација, водена поради нејзините врски со техниката симулација на давење и други брутални техники на испитување, кои ЦИА ги користела во минатото, пишува Си-ен-ен.
Хаспел е 33-годишна ветеранка на агенцијата, а во моментов ја врши функцијата вршител на должност на директор на ЦИА.
Хаспел е потврдена со 54-45 гласови, со тоа што шестмина демократи се приклучија кон мнозинството републиканци за поддршка. Републиканскиот сенатор Џон Мекејн, кој е на третман за рак на мозокот, бил отсутен на гласањето.
Изборот на Хаспел за директорка на ЦИА е одобрен и покрај критиките на опозицијата поради нејзината поврзаност со груби методи за испитување на ЦИА, кои вклучуваат вотербординг, која се смета за тортура, во годините по терористичките напади на САД на 11-ти септември.
Џина Хаспел одби да одговори со да или не на прашањето на сенаторката Харис дали техниките за мачење ги смета за „неморални“.