(ВИДЕО) Слаткаристика во луда романтика

Вчеравечер, по повод 8 Март, најактуелниот македонски хип-хоп артист Слаткаристика, објави нов сингл „Луда романтика“, премиерно претставен на каналот Facing The Sun. Преку своите профили на социјалните мрежи Слаткаристика ја посвети песната на сите жени во светот.

Слаткаристика се потпишува како автор на стиховите, а музиката им е заедничка со продуцентот Иван Јованов – Iwayo. 


Видео записот за најновата песна на Слаткаристика е снимен на повеќе локации во романтичниот италијански град Венеција, а е изработен од FLUX продуција. После љубовната приказна во песната „Кажи да“ овој е втор видео запис во кој се појавува и неговата сопругата Сања Николиќ Маринковиќ.

По само неколку часа од објавувањето на YouTube мрежата, новата песна на Слаткаристика „Луда Романтика“ брои повеќе од 50.000 гледаност, а во најава е уште еден голем интернационален хит изработен од македонски автори.

Во продолжение погледнете го новиот проект на Слаткаристика: