ВИДЕО СПОТОТ ЗА МУЗИЧКАТА НУМЕРА “ЃАВОЛ ДА ТЕ ЗЕМЕ“ НА ДУОТО АЛЕКСАНДАР И ДАЦ ПРЕМИЕРНО ПРЕТСТАВЕН
Во присуство на голем број фанови и обожаватели, вчера, во Трибека Ботаник Гарден и Кафе, со почеток од 20:30 часот, популарното дуо – Драган Спасов-Дац и Александар Митевски го промовираа видео спотот за баладата “Ѓавол да те земе”, интерпретирана заедно со дувачкиот состав “Brasstet Skopje“. Тие осмислија нестандардна промоција помешана со евергрин забава за присутните фанови кои ги очекуваа по враќањето од Макфест.
“Со креирање на видео спот за нашата овогодинешна песна за Макфест 2020, имавме идеа да допринесеме за одржување и поддршка на културата во нашата земја. Користејќи заштитни маски во спотот во дел од кадрите, преку метафора, сакаме да испратиме порака кон сите културни работници кои во одреден период стагнираа и беа во неможност да работат дека редно време е да ги замениме “маските“ кои ги носиме, но не оние заштитните, со НАСМЕВКА! Време е со позитивен став да зачекориме кон подобрување на културата и сцената во нашата земја.“ - изјави Драган Спасов - Дац по прикажувањето на спотот.
Видео спотот за оваа музичка нумера е продуциран од “Pikado Creative Collective“, а неговата реализација беше поддржана од “Витаминка“ А.Д. Прилеп. Снимањето се реализираше во просториите на Македонската Опера и Балет, а во негова реализација беа вклучени 20 лица. Нумерата е снимена комплетно во живо, со учество на 10 музичари, во продукција на Иле Спасев. Во фокус на спотот, покрај Александар Митевски и Драган Спасов – Дац, се појавува и убавата Илона Вуковска.
Сите заинтересирани, спотот може да го погледнат на следниот линк: