(ВИДЕО) Ученици му помогнаа на професор на кој му доцни платата

Добивај вести на Viber

Бруно Рафаел Паива oд Бразил не добил плата два месеци и морал да живее и спие во училиштето.

Како што објаснил на Фејсбук со снимката која станала вирална, Паива ја менувал колешката која била на породилно, а поради бавната бирократија ни после два месеца не добил плата.

Кога учениците дознале за што станува збор и дека нивниот наставник нема пари, собрале 400 долари и го изненадиле. 

Кога сфатил што направиле, професорот се расплакал.

„Не верувам, како можевте тоа да го направите“ – изјавил кога ја отворил малата кутија во која учениците ставиле пари. 

Тој е благодарен што децата покажале грижа.