Култура // Настани
(ВИДЕО) Вака звучи песната со која Eye Cue ќе не претстават на Евровизија
Официјално песната со која Македонија ќе настапи на овогодишнава Евровизија е објавена.
Музиката и текстот се на фронтменот на Eye Que, Бојан Трајковски, а аранжманот на песната е на Дарко Димитров.
„Целиот фокус и енергија ни се насочени на предизвикот што следува, а не на математики околу краен пласман. Сепак има 43 земји учесници коишто на „Евровизија“ учествуваат за да ја слават музиката и миксот на културите. На крајот еден е победник, но тоа не значи дека сите останати 42 се поразени. Затоа и нема награда за второ и трето место на „Евровизија“, изјавија во неодамнешното интервју за Женски магазин од Ај Кју.