Видео во кое Југославија направи целосен хаос на Евровизија во 1981 година: Кога се вклучи водителката, сите врескаа од смеа

Во 1981 година, Сеид Мемиќ Вајта ја претставуваше поранешна Југославија во Даблин со песната „Леила“.

Големото шоу го водеше Дориен Ни Брајан, а претставниците на Велика Британија на Евровизија, групата Бакс Физ, славеа со хитот „Making Your Mind Up“.

Сепак, сето горенаведено не беше причина еден од корисниците на TikTok да се сети на овој натпревар на својот канал.

Имено, настанот кој се одржа на 4 април остана запаметен по една од најкомичните ситуации во историјата на Евровизија, а истата следуваше во моментот кога познатата телевизиска и радио спикерка, новинарка и водителка Хелга Влаховиќ требаше да каже гласовите во име на Југославија.

Откако водителката побара од колешката Влаховиќ да го предаде редоследот на бодовите, настана молк бидејќи очигледно телефонската линија не беше правилно воспоставена.

За момент се чинеше дека Југославија ќе биде прескокната по сила на околностите, но потоа се слушна гласот на Влаховиќ...

„Ги немам гласовите“, одговори Влаховиќ во телефонот, по што во салата избувнала гласна смеа.

Но, не е само тоа. Погледнете:


Извор: Жена блиц

Видео и фото: Tiktotk, принтскрин