(ВИДЕО) За 22 години не остарела ниту ден: Кинеска водителка на метео ја крие вечната тајна на младоста

Добивај вести на Viber

Јанг Дан , кинеска водителка на временска прогноза , ги изненади луѓето на интернет кога некој споделил нејзина фотографија од почетокот на кариерата и сега. Да нема означен датум, никогаш не би рекле дека поминале 22 години.

Дан сега има 44 години, а прв пат на ТВ се појавила во 1996 година.

„Многу од нас пораснале гледајки ја на ТВ. Неверојатно е дека сите околу неа остареле, а таа не. Дури се помлада како да е“, стои во опис на првичната објава на кинеската социјална мрежа Veibo.

Многумина ја нарекувале вонвременска божица, чудејќи се како водителката успеала да остане толку младолика после толку години.