Чилеанците пред една недела, се збогуваа со нивната претседателка, Мишел Баш’ле по завршувањето на нејзиниот мандат.
Таа беше пречекана од воодушевен народ, кој емотивно и искрено ја испрати со солзи во очите.
Претседателката ја водеше државата во период од 2006 до 2010 и од 2014 до 2018 година. Таа во текот на своето владеење го подобри образованието, здравствениот систем, отвори работни места и ја намали корупцијата.
Видеото покажува како луѓето ѝ се восхитуваат на претседателката во заминување.