Видоје почина со љубовницата: Николина Пишек конечно потврди како ѝ починал сопругот

Николина Пишек повеќе од една година беше мета на критики од нејзиниот поранешен свекор, но и од јавноста и додека трпелливо молчеше за деталите од кобната ноќ и за тоа како починал нејзиниот сопруг, сега конечно се одлучи да проговори и да ја каже вистината!

Имено, Видоје бил пронајден мртов во изнајмен стан со жена непозната за јавноста, а неговиот татко Миша Гроф тогаш тврдел дека неговиот син починал за време на масажа.

Пишек дури сега потврди дека се точни гласините дека нејзиниот сопруг починал за време на интимните односи со неговата љубовница. Водителката најпрвин ги опиша деталите кога свекрвата ја известила дека Видоје починал:

-Ми се јави мајка му, беше во доцните ноќни часови, неможев да заспијам, не знам зошто. Таа ми се јави и ми рече: „Видо умре“, а јас и реков: „Добро ли си, што се случува Марија?“ Едноставно извесно време не ја примив веста, рече Николина.

Темата за неговата смрт беше актуелна тие денови, а често имаше информации дека тој се масирал со жена во моментот на неговата смрт.

- Па, горе-долу се што е напишано е точно. Во приватен стан беше присутна женска личност која призна дека е во врска со него, а свекор ми го формулираше како масажа. Сè е многу чудно, главно лекарскиот извештај потврдил дека му откажало срцето, изјавви Николина, која првпат признала дека сопругот и бил неверен.