Викенд хороскоп: Акомулирајте ја позитивната енергија за деновите што се пред вас
Овен
Вашите зборови не звучат искрено пред саканата личност. Претерувате со изливот на емоции или во театралното однесување. Наместо на другите да им нудите помош, обрнете внимание на своите проблеми и побарајте поддршка.
Бик
Ве радуваат нови настани и нечија намера да ви угоди. Партнерот умее да ви го пренесе доброто расположение. Имате позитивно влијание на околината, идејата која ја пропагирате ја потврдува вашата свест.
Близнаци
Немојте да му ветувате работи на партнерот кои не можете да ги исполните. Добрата намера не претставува гаранција дека можете да ја усреќите личноста за која се грижите. Препуштете се на другите да тестираат или истражуваат нови можности.
Рак
Често го менувате своето расположение или одлуки. Поголема важност има она што го премолчувате, отколку работите кои му ги соопштувате на партнерот. Потпрете се на личната проценка, но самостојноста има своја добра и лоша страна. Не можете секогаш да носите исправни одлуки.