ВИКЕНД ХОРОСКОП: Крајот на неделата носи љубовни предизвици за многу знакови

Добивај вести на Viber

Овен 

Доколку посакувате нов емотивен статус или возбудлива забава, направете се што е потребно за да привлечете нечие внимание. Употребете го својот шарм во склоп со емотивната инспирација која ја чувствувате. Ќе бидете изненадени со повратна реакција. Ви се смее љубовта.

Бик

Некој изненадно ве доведува во непријатна ситуација и пробува да ви наметне одредени правила на однесување. Затоа овој викенд го дочекувате уморни и исцрпени, па не би било лошо да одморите.

Близнаци

Своето внимание посветете го на некоја интересна тема или личност која ве инспирира на добро емотивно расположение. Умеете да направите прекрасен избор.

Рак

Во друштво на саканата личност чувствувате занес кој ве инспирира на некои необични идеи. Ускладете ги своите потреби и ќе ги надминете ситните проблеми кои ги имавте изминатата недела.

Лав

Важно е да ја сочувате позитивната инспирација или силната волја во друштвото. Внимателно смислете го својот викенд, бидејќи во спротивно само трошите пари без потреба.

Девица

Нема причина да се однесувате лошо пред саканата личност. Потребно е да ги искристализирате позитивните емоции во љубовниот однос за да го остварите она што го сакате.

Вага

Се потпирате на својата иницијатива и на основа на ситните детали од заедничкиот живот го забележувате незадоволството на партнерот. Подобро да го премолчите она што ќе го наслушнете. Во спротивно, очекувајте голема кавга овој викенд.

Шкорпија

Момент е да промените некои правила на однесување во договор со саканата личност. Нема причина за дополнителна загриженост само затоа што немате потполна контрола.

Стрелец

Разговорот со една личност делува негативно на вашето расположение и затоа ги одбивате предлозите на пријателите за овој викенд и сакате само да легнете и да ги преспиете слободните денови. Грешите! Постојат ситуации кои не можете да ги решите сами. Ви пречат забавите и друштвото.

Јарец

Некој го привлекува вашето внимание, но се уште немате донесено конечна одлука. Емотивната несигурност која ја чувствувате најмногу произлегува од вашата недоверба. Потребно е гласно да се изјасните.

Водолија

Нема причина нечие однесување да го проценувате како емотивна рамнодушност или знак на одбивање. Потрудете се сакната личност правилно да сфати, а потоа и во потполност да ги прифати вашите намери.

Риби

Конечно ќе го добиете позитивниот емотивен сигнал кој сте го посакувале. Одговорете на нечиј повик или на љубовен предизвик во склоп со своите основни потреби и опуштете се - периодот пред вас ќе биде прекрасен.