Викенд хороскоп: Лавовите да имаат повеќе трпение во љубовните односи, Водолиите ги очекува идиличен период

Добивај вести на Viber

Овен

Ќе имате добар настап пред личноста која ви се допаѓа и ќе успеете да го привлечете нејзиното внимание. Потрудете се претходно да бидете добро информирани за тоа што ја интересира вашата симпатија, што сака, само внимавајте да не претерате, бидејќи ако претмногу се преравате дека сте она што не сте, ќе доживеете неславен крај.

Бик

Сигурноста и стабилноста во емотивните односи ќе ви станат важни во љубовниот живот. Својата енергија ќе ја насочите кон постигнувањето на споменатото. Партнерот ќе биде пријатно изненаден. Оние кои се уште сами сега ќе одбираат само трајни опции.

Близнаци

Знаете дека можете повеќе и подобро,, но тоа не зависи само од вас. Никој не е совршен, па ни вашата најдрага личност. Обидете се да ја прифатите таква каква што е и ќе видите дека без непотребни притисоци и барања можете да бидете среќни.

Рак 

Некои во драга личност ќе го препознаат својот идеален партнер. Ќе бидат помалку збунети, но и подготвени за акција. Исто така ќе ви се зголемува потребата за внимание и нежност. Имате право на тоа, па кажете ги своите потреби. Додека партнерот ви предлага различни опции како да поминете слободното заедничко време, вие постојано нешто ќе приговарате. Ви треба опуштање и веселба.


Следна страна