ВИКЕНД ХОРОСКОП: Неочекуван непријател за неколку знаци, бидете внимателни
Вага
Викендот ќе ви помине во психички пресметки самите со себе. Ви се чини дека деновите само минуваат, а вие немате време ниту за било што важно во вашиот живот. Во се ќе морате да ја вметнете и љубовта. Веројатно нема да ви биде лесно на почетокот, но да бидете посреќни ќе мораат сите области да функционираат, па дури и оние кои ви се чинат помалку важни.
Шкорпија
Овој викенд ќе имате главоболка од проблеми. Ќе бидете немирни ќе се чувствувате несигурно, а постои опасност да изгубите некои вредности во кои до сега сте уживале. Ви се закануваат судири кои нама да бидат безизлезни. Финансиската ситуација додатно ќе ја влошува вашата состојба.
Стрелец
Доколку правилно ги оцените нештата ова ќе биде мирен викенд за вас. Ќе имате доста енергија, па ќе бидете многу активни, но ќе треба да внимавате вашите активности правилно да ги насочите. Ќе бидете превртливи и непромислени. Финансиската состојба не е најдобра но е солидна. На интимен план ќе имате убав викенд.