ВИКЕНД ХОРОСКОП: Неочекуван непријател за неколку знаци, бидете внимателни
Рак
Овој викенд ќе добиете идеја околу одење во странство или работа со странци. Еден помлад пријател, кој се наоѓа надвор од земјава, ќе ви вети помош. Но, треба да внимавате, затоа што такви одлуки не се донесуваат преку ноќ. Впрочем, брзите одлуки и инстинктивното реагирање не се дел од вашиот карактер, затоа седнете и добро размислете.
Лав
Релаксирачки и мирен викенд. Меркур и Венера ви испраќаат позитивна енергија. Имате можност да се докажете пред партнерот, но и пред членовите на семејството. Многу ве иритираат коментарите од околината за вашиот љубовен живот. Внимавајте на здравјето и проверете го видот.
Девица
Внимавајте да не загубите некои документи од работа кои се многу важни. Проверете ја нивната точност бидејќи тие ќе ви бидат од голема корист. Викендот за вас ќе биде релаксирачки откако обврските успешно ќе ги завршите. Не дозволувајте семејството да ве оптоварува со банални проблеми.