ВИКЕНД ХОРОСКОП: Нервозен или опуштен викенд, зависно од вашиот знак
ОВЕН
Ќе се однесувате непромислено. Можно е да ги пропуштите предизвиците. Додека во прашањето поврзано со работата воглавно ќе бидете трезвени практични и внимателни. Во меѓучовечките односи покажувате нетрпение. Ако имате врска иницијативата пртепуштете му ја на партнерот.
БИК
Имате големи планови и се обидувате да најдете поддршка од Вага или Рак со кои секогаш добро сте се согласувале. Не влегувајте во непотребна расправија со Стрелец или Шкорпија кои често се контра вас. Можна е вест поврзана со пари.
БЛИЗНАЦИ
Одушевени сте од некој кој е многу шармантен, комуникативен и ви го подобрува расположението. Ако некоја Шкорпија ве интригира и не ви изгледа расположена ќе ја избегнувате. Ќе добиете повик од Бик.
РАК
Имате многу корист од контактите и дружењето со пријателите, посебно со оние кои доаѓаат од странство. Ви претстојат големи издатоци кои може да ве натераат да размислувате и да барате начин да ги намалите. Бидете сигурни дека можете да ги средите финансиите.
ЛАВ
Не бидете премногу енергични кога треба да го наметнете своето мислење на партнерот, особено ако се работи за Рак или Бик. Очекувате престврт на љубовен план и се надевате дека ќе се случи нешто што ќе влијае врз смирување со поранешниот партнер или повторна средба со Стрелец.
ДЕВИЦА
Ако ви се допаѓа амбициозна личност која максимално е посветена на работата, најдете начин како да ја приближите. Со Близнаци ќе мора да тактизирате. Познанство преку работа во носи различни можност за започнување на врска, но вие сте воздржани.
ВАГА
Ви престои решавање на проблемот кој подолго време ве мачел и ве блокирал. Во секој случај ќе имате среќа и успех, па и во финансиите. Некои од вас ќе имаат успех и во новата деловна соработка. Најубаво ќе се чуствувате во вашиот дом.
ШКОРПИЈА
Нагласен е вашиот интелект и ќе се покажете како одличен набљудувач, уверлив говорник во важните преговори. Внимавајте на судири и нервози. Финансиската ситуација ви е сложена. Позанимавајте се малку повеќе во врска со вашето здравје.
СТРЕЛЕЦ
Од пријателите денес можете да очекувате сосоема конкретна помош, што ќе ви олесне околу донесувањето на некои одлуки како и решавање на некои проблеми. Ако имате план да му се доближите на некоја личност од спротивниот пол најпрво дознајте дали личноста е слободна, дури потоа прејдете во офанзива.
ЈАРЕЦ
Привлечноста на новите предизивици кои носат патување и пошироки промени ви одговараат додека пак во финансиската неизвесност сепак се смирува топката и ве враќа во пореални кругови. Избегнувајте да пресудувате во семејните ситуации и посветете се на сегашните обврски.
ВОДОЛИЈА
Постои можност да заминете на некој службен пат. На љубовен план ве очекува средба со некоја за вас сродна душа, затоа прилагодете ги своите постапки, навики и потреби ако сакате да ја задржите покрај себе.
РИБИ
Искористете ги поволните прилики или нечија наклонетост како би си ја поправиле вашата финансиската состојба. Можеби ќе се почуствувате нападнати па со соспствена агресивност да одговорите на туѓа дрскост можат да ви донесат кавги и јавни пресметки.