ВИКЕНД ХОРОСКОП: Овнот пред предизвик, Близнаците ќе доминираат

Добивај вести на Viber

Овен 

Сè се одвива според планот, токму онака како што сте ги замислиле работите, благодарение на својата внимателна работа. Врската во која се наоѓате е по малку проблематична, а вие размислувате да ја прекинете и да свртите нова страница во животот. Многу Овни кои седат на два стола, ќе ги сносат последиците од непримерното однесување. 

Бик 

Со помош на шармот и сопствената сила, викендов ќе успеете да ги совладате проблемите. Реторичката дарба е изразна и треба да ја искористите. Благодарение на интелигенцијата ќе постигнете завидни резултати. Ќе се најдете во ситуација да доминирате и да добивате пофалби. Работите ќе се одвиваат во ваша корист. 

Близнаци 

Имате моќ и не сакате тукутака да ја испуштите од раце. Правилно размислувате, но сепак, не преоптоварувајте ја околината со посесивното и диктаторско однесување. Мудрите потези ќе ви донесат убава заработувачка. Се наоѓате во период кога можете да очекувате подобрување во многу животни сфери, па и на деловен план. 

Рак 

Ќе дојдат до израз вашите дипломатски способности и ќе преговарате како вистински експерт, па очекувајте позитивни случувања на професионален план. Одлично ќе се разбирате со вашиот партнер, па без да се трудите ќе привлекувате обожаватели. Ако сте во врска поразговарајте со саканиот за вашата иднина, тоа ќе ви ја разгорува страста. 

Лав 

Вашите зборови ќе бидат полни со сочувство и разбирање, па многу лесно ќе допирате до срцата на луѓето. Сите недоразбирања ќе ги решавате по мирен пат, со разговор. Но, не заборавајте дека комуникацијата не се состои само од зборување, туку и од внимателно слушање. 

Девица 

Ѕвездите ви се наклонети и имаат позитивно влијание на вас. Тоа добро ќе се одрази и на вашата околина. Затоа, искористете ги шансите. Вашата планета на пријателство и љубов од викендов се наоѓа во исклучително поволна позиција. Можни се револуционерни промени кои ќе бидат позитивни. 


Следна страна