ВИКЕНД ХОРОСКОП: Променливо расположение за неколку знаци

Добивај вести на Viber

Овен

Овој викенд ќе се чувствувате супер затоа што сте сингл, но потрудете се да излезете малку и да се забавувате. Можеби нема да ја пронајдете љубовта на својот живот, но за „комбинација“ ќе има многу можности. Иако не сакате да планирате однапред, доколку сте во врска ќе почнете да се прашувате што понатаму.

Бик

Овој викенд ќе ви биде драматичен. Ќе излезете со своето друштво, но многу е веројатно дека некој ќе започне кавга и ќе ви го расипе расположението. Кавги нека очекуваат и оние припадници кои се во врска. 

Близнаци

Ќе имате многу потешкотии за да стапите во нормална комуникација со било кој овој викенд. Едноставно, не сте во елемент. Оние кои се во врска ќе почнат да мислам дека се ладат од партнерот, но полека. Немојте да брзате туку добро размислите кој ќе биде вашиот следен чекор.

Рак

Овој викенд останете дома и уживајте во добар филм или серија. Вашиот партнер скоро секогаш знае како да ве орасположи, но овој викенд има многу работи на ум и напнатоста е присутна. Потрудете се некако да се изборите со стресот.

Лав

Доколку некој викенд е предодреден за да се заљубите - тоа е овој. Ѕвездите ви подготвуваат некои симпатични случувања, а на вас е само да се опуштите и да уживате. Оние кои се во врска ќе треба малку да се потрудат за да го изненадат партнерот.

Девица

Иако сте расположени, изгледа овој викенд ќе немате многу енергија за да бидете физички активни. Со задоволство ќе сакате да останете дома. Доколку сте во врска ќе ве мачат променливото расположение па ќе имате мали несогласувања со партнерот. Гледајте да ги средите односите.

Вага

Овој викенд сите очи ќе бидат вперени во вас. Флертувајте и впуштете се во храбра конверзација со некој кој ви се допаѓа. Внимавајте да не се заљубите. Оние кои се во врска овој викенд ги очекува сериозен разговор.

Шкорпија

Ве советуваме овој викенд само да се забавувате и да флертувате. Саката озборувања, но внимавајте тоа да не ја загрози врската во која се наоѓате. Блиски сте со партнерот и немојте да ризикувате поради озборувањата вашиот однос да се излади.

Стрелец

Секогаш сте заинтересирани за некој или нешто ново, но сега како да се гаси вашиот внатрешен пламен. Наскоро се ќе биде подобро, немојте да се грижите. На оние кои се во врска им е потребен одмор, па ви советуваме да испланирате некоја авантура со партнерот.

Јарец

Се чувствувате како среќата да ве напуштила овој викенд и не знаете како да го вратите стариот сјај. Морате да научите како да се отворите, како да престанете да се грижите и ќе знаете што да направите. Зафатените некогаш биле романтични, а целокупната ситуација со партнерот доведува до тоа вашите односи да се оладат. Пробајте да откриете во што е проблемот.

Водолија

Размислувате непристрасно за тоа што би било како би било. Заронувате длабоко во своите чувства и ќе се преиспитувате што да направите. Доколку сте во врска бидете објективни и разумни за да успеете да излезете на крај со кавгата која ви претстои со партнерот.

Риби

Кога еднаш засекогаш ќе го средите својот живот и од него ќе исфрлите се што не треба да биде дел од него, ќе бидете помалку оптеретени со грижи и проблеми и ќе ви биде полесно да се отворите пред новиот партнер. Партнерот овој викенд го иритира тоа што заборавате важни датуми и што сте презафатени. Изненадете го со некој подарок или вечера и ќе видите дека се ќе биде во ред.