ВИКЕНД ХОРОСКОП: Романтики и љубов за еден знак

Добивај вести на Viber

Овен

Посветувате многу внимание на решавање на некои актуелни проблеми и финансиски пресметки. Во односот со саканата личност провејува доза на взаемна несигурност и недоразбирање. Ситуациите кои по ваше мислење изгледаат комплицирано, вашиот партнер ги гледа со други очи и има различно гледање или оптимистички прогнози.

Бик

Потрудете се правилно да ги исполните своите обврски, без психолошки притисок и натпреварувачки аспирации. Порано или подоцна, завршните резултати претставуваат основно мерило на вредностите. Најубавиот настан ве очекува во љубовниот живот или на средба со една драга личност. Секогаш кога ќе се измешаат вашите страсти и чувства, нека ви биде позитивен „сигнал“ кој води кон љубовна романса.

Близнаци

Важно е да реагирате во вистински момент. Не бидете имплусивни, трпеливо чекајте на површина да испливаат вистинските вредности. Во односот со саканата личност, упорно ја влошувате ситуацијата која одговара на вашето основно расположение или афинитети. Не можете да добиете се што очекувате, направете нов емотивен баланс за да ги надминете заедничките сомнежи и дилеми.

Рак

Делувате како личност која нема време за некои случајни средби или за настани кои се вклопуваат во вашата сфера на интереси. Меѓутоа, со своето енергично однесување кај блиските пријатели ќе поттикнете различни реакции. Во љубовниот живот имате лошо претчувство, реагирате внимателно во ситуации кои може да ве компромитираат.



Следна страна