Викендов ќе биде хаос за пет хороскопски знаци
Овен
Потребно е да ги согледате проблемите од реален агол и да не бидете премногу амбициозни кога станува збор за работа која би можела да ви донесе профит и популарност. Соработката со Риби или Јарец ви носи сатисфакција иако работата ќе биде напорна или премногу одговорна. Добро се согласувате со Вага или Бик.
Бик
Викендот ќе ви помине вообичаено, беа големи планови и случувања. Скршнете од својот пат и разговарајте со личности надвор од вашиот друштвен круг. Тие ќе ви откријат гледишта кои досега не ви паднале на ум. Споделете со партнерот проблем во врската за кој е неопходно брзо решение. Отвореноста ќе резултира со компромис.
Близнаци
Ова е време за јасни ставови и доколку работата им ја препуштате на колегите, можете да имате несогледливи последици. Финансиите ви се добри, и единствено на што треба да внимавате се неконтролираните трошоци. Ситуацијата во партнерските односи е хаотична и треба да ја употребите интуицијата за да го предвидите следниот чекор на партнерот. Доколку сте сами, мислите ви се насочени кон личност која, од одредени причини, не е покрај вас.
Рак
Овој викенд ве очекува поголем трошок. Бидете внимателни затоа што без разлика на заработувачката, трошоците се се поголеми. Доколку сте во брак или во подолга врска, обидете се добро да ги скриете тајните што ги имате. Може да се случи партнерот да открие нешто што ќе создаде напнатост помеѓу вас. Ако сте слободни, внимавајте со кого стапувате во контакт.
Лав
Добро е аспектирано астролошкото поле на вашата личност и вие правите многубројни планови како деловни така и приватни. Можна е некаква вест од странство. Сметајте на некој Бик, Рак или Јарец бидејќи само тие можат да ви бидат десна рака во работата. Викендот е одличен за излегување и средби на јавни места.
Девица
Викендот е одлично време да направите генералка во својот емотивен живот. Партнерските односи кои до сега ве оптоваруваа ќе морате да ги средите доколку сакате да имате мир во душата. Разговорот со партнерот ќе ви донесе одговор на многу прашања што ги вртите низ главата.