Викендов ќе биде хаос за пет хороскопски знаци
Вага
Имате за што да размислувате и со кој да работите но немате доволно елан и како да чекате некаков поттик од некој кој е поискусен или повозрасен. Сакате да имате личност на која можете да се потпрете во секој поглед. Побарајте некој Стрелец, Овен или Близнаци, тие ќе ви помогнат.
Шкорпија
Викендот ќе ви биде исполнет со емоции и со размислувања за некои минати денови. Доколку сте во подолга врска и веќе подолго време се сомневате во неа, времето пред вас ќе покаже дека сте го направиле вистинскиот избор. Можно е денес да и простите на една личност која ве наговара да ја прекинете врската.
Стрелец
Незадоволството од досегашната работа ве води во правец за кој сметате дека е најдобар за вас. Единствен проблем ви претставува финансискиот ризик којшто треба да го преземете. Доколку сте слободни, чувствувате јака потреба за стабилна врска. Но, сите оние што ги среќавате воопшто не одговараат на сликата која ја замислувате.
Јарец
Време е да ја надминете посесивноста во односите со партнерот. Доколку си дадете повеќе слобода, повеќе ќе можете да уживате во заемното дружење. Доколку сте слободни, обрнете повеќе внимание на излегувањето и авантурите, отколку на анализирањето на пријателите и на нивното однесување.
Водолија
Викендов е можен помал финансиски прилив којшто ќе ви амортизира дел од трошоците. Доколку сакате ситуацијата да остане под ваша контрола, оградете се од семејството и нивните потреби. Партнерот помалку почнува да се оддалечува од вас и се повеќе да и се посветува на работата. Од вас зависи дали ќе му се придружите или ќе почнете да приговарате.
Риби
Ве загрижуваат финансиите. Најдобро е да продолжите со досегашното темпо и да не ја трошите заштедата. Доколку сте слободни, никако не повлекувајте се во себе и не осамувајте се. Пријателите и дружењето се најдобар лек за љубовните проблеми. Не им дозволувајте на емоциите да ве надвладеат.