Вики Китанова за дочекот на Нова година во Мајами: Забава со Ники Минаж и Карди Би за 5000 долари, на плажа и на плоштад без пари

Добивај вести на Viber

Мајами или магичен град како што го нарекуваат, е најпосакуваната дестинација за многу туристи ширум светот во текот на целата година, а посебно за новогодишната ноќ. Скопјанката Вики Китанова која живее и работи во Downtown, Мајами пет години, вели дека постојат многу места и различни забави за да се доживее таа магија и да бидете побогати за едно незаборавно искуство. Дополнителен мотив е и убавото време. Температурата во Мајами е 25 степени Целзиусови. 

-Од многубројните опции што ги нуди Мајами, огнометот на South Beach за оваа новогодишна ноќ беше вообичаено доживување и има потполно оправдана важност и внимание. Огнометот беше точно на полноќ и не постои ниедна личност којашто не сака да ја доживее таа магија. А неговата манифестација во Мajaми е нешто посебно, нешто што ќе го паметите целиот живот. Некои беа на Ocean Drive, претходно резервираа место. А други пак на самата плажа за да го гледаат огнометот на полноќ. Влезот беше слободен. Исто така огнометот го проследија и луѓето кои беа во Vaufront Park или Orange Drop во центарот на градот. Тие уживаа и танцуваа со прекрасна музика во живо - вели Китанова и дополнува дека богатството и раскошот се синоним за Мајами, а огнометот може да се проследи и ако пловите на луксузни јахти.

-Влезниците за ова прекрасно доживуванње се резервираат однапред. Таму небото и океанот се спојуваат и во сите бои блеска водата како виножито – посочува таа.

Во Мајами во центарот на градот во Bayfront park луѓето се забавувале со локални пејачи. Исто така бесплатна забава имало и на Ocean Drave, South beach во Lummus park. Новогодишна прослава се организирала и во Балтимор. Додека Niki beach имала приватен огномет и шоу. Интересна забава понудила и Амара во Параисо ресторани.

-Новогодишна ноќ со забава се прослави и во ноќната градина Fercajd. Во ноќниот клуб „Еleven“, гостите ги забавуваше Ники Минаж, а во Fontainebleau пееше Cardi B. Посетителите платија влезници од 5.000 долари. Тие што сакаа Новата година да ја дочекаат со сирените во Sexy fish ја започнаа со уникатно патување, кое спојува небесна убавина потопена во ѕвездениот амбиент, уживајки со прекрасната музика за која  се погрижи ди џеј Каз Џејмс. Беа одушевени од извонредната забава во текот на целата вечер, со преубавите коктели, шампањско и привлечно мени. Танцуваа во текот на ноќта и се капеа во привлечноста на 24 каратно злато за да заблескаат во Новата 2024 година.Тоа задоволство ги чинеше 350 долари по човек. Тие што не резервираа на време платија повисоки цени – заклучува Китанова.

Соња Алексоска Неделковска