Викторија Бекам ги знае сите модни трикови: Овој модел на фармерки најдобро ја издолжува женската фигура (ФОТО)
Фото: Profimedia
Секоја комбинација на
облека на Викторија Бекам е дефиниција за елеганцијата
Викторија Бекам (47) важи за вистинска стилска икона, па нејзините модни комбинации се инспирација за дамите ширум светот.
Сопругата на легендарниот фудбалер Дејвид Бекам беше фотографирана во хотел на Менхетен во ефективно издание. Викторија носеше свилена кошула украсена со карнери, и бело сако-блејзер со класичен пресек.
Носеше фармерки со пошироки ногавици (ѕвонарки) кои визуелно ја издолжуваат фигурата.
Модната дизајнерка знае дека со нив најдобро одат потпетици и платформи, па затоа избра кафеави сандали со платформа што дополнително ѝ ја издолжи фигурата.
Дизајнерката целиот стајлингот го заокружи со кафена чанта. Едноставно совршено.
Фото: Profimedia
Можеби ќе ве интересира:
Нема врска со модата: Викторија Бекам без влакна на јазик призна зошто секогаш носи очила за сонце