ВИКТОРИЈА: Откријте го значењето на името и какви се луѓето кои го носат

Тоа е име со силно значење што потекнува од латинскиот збор за победа - победник. Во античката римска митологија, Викторија била божица на победата.

Нумерологијата го објаснува значењето на името Викторија. Луѓето кои го носат ова име се одлични мислители, исполнети со духовност и најчесто тивки. Тие не се грижат многу за материјалните работи.

Исто така, тие привлекуваат внимание заради нивната интуиција, мудрост и остроумни способности.

Кога станува збор за љубовта, станува збор за луѓе кои често летаат во облаци. Партнерите се привлечени од нивната духовност и независност.

Жените со ова име се многу посветени на врската и имаат одлични, а понекогаш и нереални идеи за љубовта.

Секако најпознатиот носител на ова име низ историјата е кралицата Викторија од Англија, а меѓу познатите жени кои го носат името e и модната дизајнерка Викторија Бекам.