Винсент Касел (56) и Тина Кунаки (26) пред развод? Поранешниот сопруг на Моника Белучи изненади со потегот

Добивај вести на Viber

Винсент направил нешто што дополнително ги подгреа сомнежите дека нешто не е во ред со нивниот брак

Странските медиуми пишуваат дека бракот на францускиот заводник Винсент Касел, поранешниот сопруг на Моника Белучи и манекенката Тина Кунаки е во криза.

Имено, Винсент ги избришал сите заеднички фотографии со сопругата, што дополнително предизвикало сомнеж дека нешто не е во ред меѓу нив.

Познатиот актер и неговата 30 години помлада сопруга се венчаа во 2018 година, две години откако почнаа да се забавуваат, а во април 2019 година ја добија ќерката Амазонија.

Касел претходно редовно објавуваше заеднички фотографии со Тина, па дури и оние на кои таа е сама, пишувајќи ѝ емотивни пораки во јавноста. Сите објави одеднаш исчезнаа од неговиот профил, па дури и младата манекенка со месеци не објавуваше ништо поврзано со својот сопруг.

Да потсетиме, парот се впушти во романса кога Тина имаше само 18 години, набргу откако Касел стави крај на бракот со убавата Моника Белучи.

Каде и да се појават креваат прашина...

Сопружниците важат и за модни магионичари и за совршено стилизирана двојка, која редовно воодушевува со својата урбана и оригинална облека, а публиката ја сака нивната специфична харизма и фактот што се многу склони да разменуваат нежности во јавноста и постојано да се допираат, гушкаат и љубат.



Фото: Инстаграм Screenshot


Сопругата на Винсет Касел грми кога се дотерува, а вака изгледа во нејзиното природно издание - без грам шминка и покриена од глава до пети

Тина Кунаки во брутално добар мантил отпорен и на најсилниот дожд, а е ултра шик: Најшармантното парче што ќе го видите денес