Вистината за петок 13-ти: Еден од најсветите денови во традицијата на Светата женственост

Добивај вести на Viber

Вистината за петок 13.

Петок 13-ти е еден од најсветите денови во традицијата на Светата женственост.

13 е најсветиот број - има 13 лунарни циклуси годишно, а менструалниот циклус на жената е 13 пати годишно.

Петок е денот на Фреја, позната и како Венера, која е божица на љубовта, сензуалноста и плодноста.

Кога овие две работи ќе се спојат, ќе го добиете најсветиот ден во годината.

Пред стотици години нѐ уверуваа дека овој ден е најнесреќниот ден.

Нѐ убедија дека вештерките се зли иако коренот на зборот е вешта жена, а се однесува на жени кои се поврзани со Земјата и природата.

Нѐ убедија дека женскиот Христос - Марија Магдалена е курва, а Богородица девица, а не една од најмоќните свештенички што некогаш живееле.

И списокот продолжува...

Кога работите кои се всушност свети ќе испаднат дека се зли, тогаш мислиме дека и ние сме суштински зли.

Во секој од нас има искра на магија, и основна врска со земјата, чувство на радост кога го движиме телото, чувство на сила кога се поврзуваме со нашите желби, соништа и потенцијалот на нашата душа.

Кога овој оган ќе се разбуди, а нè научат дека нешто не е во ред, ние го доживуваме и чувствуваме стравот од самите себе.

Петок 13 не е несреќен ден, тој е НАЈсреќниот ден, а да се потсетиме дека сме магични е пореволуционерен чин од било што друго.

Затоа, танцувајте овој викенд под светлината на месечината и не се срамете од она што отсекогаш било тука.

Сара Џенкс


ФОТО: Фрипик