Здравје // Совети
Вистинска витаминска бомба: Појадок во чаша од само 4 состојки-почнете го денот на најдобар можен начин
Започнете го денот со витаминска бомба, за вашето најдобро утро и остатокот од денот, го заслужувате најдобриот појадок
Состојки:
-1 портокал
-1 ѓумбир
-2 дл јогурт
-1 банана
-малку мед по желба
-цимет да се посипе
Подготовка:
- Исчистете го портокалот и исечете го на помали парчиња (оставете малку за декорација). Исчистете парче свеж ѓумбир, исечете го на парчиња. Излупете ја бананата и исечете ја на мали парчиња. Сето ова ставете го во миксер / блендер заедно со јогуртот и добро измешајте неколку минути.
Додадете малку мед ако сакате.
Пријатен апетит!