Вистинската љубов не брои години: Жељко Бебек слави годишнина од бракот со Ружица, која е 34 години помлада од него

Добивај вести на Viber

Ги надминаа сите предрасуди

Дека годините навистина се само бројка и дека човек сака додека е жив е најдобар доказ за музичката икона Жељко Бебек, кој љубовта на својот живот ја најде дури кога зачекори во шестата деценија, не грижејќи се за општествените норми и предрасуди.

Имено, Бебек ја запознал неговата Ружица за време на концерт, кога таа му пришла и побарала заедничка фотографија. Немал поим дека тогашната 18-годишна девојка ќе му го украде срцето.

Иако сите предвидуваа кратка романса и брзо раскинување, парот ги отфрли „злобните претчувства“ и цврсто стојат зад својата љубов цели 21 година.

Жељко неодамна ја напиша песната „Најубава моја“, посветена на неговата сакана сопруга.



А тие за „Ин магазин“ за својата врска проговорија вака:

- Ружица промени сѐ кога влезе во мојот живот, тоа беше љубов на прв поглед. Ако ме запознаше на 18 години, ќе бевме во брак 50 години, но не, таа се роди кога ја снимав „Битанга и принцезата“. Некаде во повисоките сфери пишуваше дека мора да се сретнеме, романтично изјави пејачот.

Ружица вели дека искрата ја почувствувала веќе на првата средба, но мислела дека може само да фантазира за нешто повеќе.

- Навистина ми се чинеше невозможно. Кога бевме заедно, сите велеа: „Па ќе пукне, за месец дена, два, три“, но еве не, 21 година подоцна, бевме посилни од тие муабети.

Влеговме во врската затоа што чувствувавме дека можеме и сигурно ќе успееме, иако критиките беа насекаде. А и сега, по 25 години врска, сè уште се тема на насловите на весниците: „Жељко Бебек и неговата 34-годишни помлада сопруга“.

- Па, толку долго сум со него, дали е уште бомбастично - истакнува оваа убава жена.

Имено, и двајцата наведуваат дека рецептот за нивната долготрана љубов е фактот што се неразделни.

Имено, Ружица му е менаџерка на Жељко, а во неговиот бенд свири нејзиниот син Звонимир и заедно патуваат на концерти.

- Таков живот живееме, секогаш сме заедно - вели музичарот.

Тие ќе ја прослават својата годишнина во Лондон, а ние им посакуваме многу среќа!



ФОТО: Инстаграм