ВИСТИНСКИ ЛУКСУЗ: 5 хотели - сопственост на модни куќи

Добивај вести на Viber

Партнерствата меѓу хотелите и модните куќи раѓаат убави дела, пишува Architectural Digest.

Погледнете ги овие пет избрани луксузни хотели кои имаат длабоки врски со светот на високата мода. Бидејќи тие се во сопственост на големи модни семејства, модни магнати или високи модни брендови.

Тие се вистинско олицетворение на луксуз.

Хотел Lungarno, Фиренца, Италија

Сопственост на семејството Ферагамо, спектакуларниот хотел во Фиренца е првиот „моден хотел", кој е изграден во 1995-та година. Луксузниот имот се наоѓа на брегот на реката Арно, а во прилог на 64-те соби за гости, дизајнирани од Мишел Бона, хотелот Лунгарно е дом на ресторанот „Borgo San Jacopo" со шеф готвач со Michelin ѕвезди и една од најбогатите збирки од уметноста од 20-тиот век, вклучувајќи повеќе од 450 дела на Пикасо, Кокто и други.

Fendi Private Suites, Рим, Италија

Слично на Armani, Missoni, Bulgari, и Moschino, Fendi e уште една италијанска модна марка, која навлегла во светот на хотелиерството, кога го отвора хотелот Fendi Private Suites во Вечниот град во 2016-та година. Верна на своето име, Fendi Private Suites располага само со седум луксузни соби, опремени со меки крпи Fendi и тоалети од Diptyque. 

The Raleigh, Мајами, Флорида, САД

Историскиот хотел во Мајами беше купен од модниот дизајнер Том Хилфигер во 2014-та година за 56 милиони долари. Американскиот дизајнер планира да го трансформира овој бисер на Саут Бич во приватен хотел кој нуди исклучителни предности на гостите кои плаќаат годишна такса. Кога повторно ќе ги отвори вратите по реконструкцијата, која оди во моментов, хотелот ќе има само 88 соби, наместо досегашните 105.

Хотел Petit Moulin, Париз, Франција

Кристијан Лакроа дизјанирал ентериер на три паришки хотели, но можеби најпознат е хотелот Petit Moulin. Славниот дизајнер има фасада од 17-ти век и уникатни соби, обоени со волшебни бои и дизајн, со кои Лакроа е популарен.

Bulgari Resort & Residences, Дубаи, Обединетите Арапски Емирати


Овој ресорт во Дубаи е дом на неколку различни дизајнерски куќи, но хотелот Bulgari, кој дебитираше овој месец во Дубаи, е сосема уникатен. Дизајнирана од италијанската фирма Antonio Citterio Patricia Viel, зградата, е изградена така што да личи на скапоцен камен, а фасадата има рачно изработени парчиња мермер и гранит од Италија и Монголија. Хотелот располага со 101 хотелски соби, 20 хотелски вили.