Viva Fresh Store: Постојано сме во тек со мерките за превенција и спречување на ширење на COVID-19

Viva Fresh Store континуирано ја следи ситуацијата која ја затекна светот и нашата држава. Постојано сме во тек со мерките за превенција и спречување на ширење на COVID-19 вирусот, а воедно секојдневно се дезинфецира целосниот инвентар како што се каси, корпи, колички.

Покрај тоа, сакаме да ги осигураме нашите потрошувачи дека секојдневно се грижиме истите да имаат најголема безбедност и сигурност при пазарење во нашиот маркет. Има доволно залихи за секого без накачени цени и поради огромната големина на маркетот од 5000м2 и постојаното работење на 20те активни каси нема потреба од никакво брзање или паника, и во никој случај непотребно чекање пред вратите.
Истотака ги замолуваме нашите потрошувачи да ги послушаат неколкуте наши совети кои би придонеле до пријатно и брзо пазаречко искуство.

Одржувајте соодветно растојание од 2-метра помеѓу лицето пред вас додека чекате да бидете услужени.

Кога кашлате и кивате, покријте ја устата и носот со вашиот подигнат лакт или користете книжни марамчиња за еднократна употреба.