Влегла во работилницата на покојниот сопруг и ја открила тајната што ја чувал со години под неговото биро

Фото: Фрепик

Нивната љубов беше инспирација за многумина и траеше со години. Сепак, светот на Беки се сруши кога нејзиниот сопруг Мејсон почина ненадејно на крајот на минатата година. Со цел да се опорави, таа реши да направи гравура за да ги заборави своите тажни мисли. И требаше повеќе простор за работа, па реши да оди во старата работилница на нејзиниот покоен сопруг.

Нејзиниот син помогна да се поправи старата маса на која работел Мејсон. Кога ја свртеа масата видоа порака што ги остави без зборови. Имено, Мејсон и оставил порака на Беки во која вели дека многу ја сака, и дека со неа ги поминал најдобрите денови од животот. 

„Не знам дали некогаш ќе го видиш ова, но мојата најголема желба е да те направам среќна како мене“, напишал Мејсон. Синот, трогнат од гестот на неговиот татко, реши да ја сподели приказната на социјалните мрежи. Мејсон не беше неговиот биолошки татко, но тој секогаш го поддржуваше во сè.

„Тој е единствениот и најдобар татко што некогаш сум го имал. Тој ме научи на сè што знае за столаријата. Не сум сретнал некој што е добар како што беше тој“, стои на сликата од масата. Бека сакаше да ја зачува љубовната порака на нејзиниот сопруг, па ја врамени таблата на која беше испишана пораката.


Фото: Printscreen

Moжеби ќе ве интересира:

26 години се разлика, неговото слепилото никогаш не ѝ претставуваше проблем: Љубовната приказна на Андреа Бочели и неговата Вероника