Вљубенa сум во ќерка ми, заедно се бањаме, заедно спиеме и би се омажила за нејзината машка верзија: Но се случи нешто неочекувано

Добивај вести на Viber

„Мајка ми е најблиската личност на светот. Таа ќе ми биде најблиската личност дури и кога ќе заврши овој живот", изјави Анџелика (35) од Лас Вегас, САД во клип од програмата „sMothered" на TLC. Нејзината мајка Сунхе ги разгоре страстите на интернет кога јавно призна дека може да живее без маж сѐ додека покрај себе ја има ќерката

„Би можела да останам без маж кога би ја имала покрај мене. Би била целосно среќна само со Анџелика. Таа е љубовта на мојот живот. Кога би можела да најдам машка верзија на Анџелика, би се омажила за неа во секунда". - изјави таа.

View this post on Instagram

A post shared by (@bigspoonlittlespoon1)


Се сети на моментот кога ја видела за прв пат

„Кога првпат ја видов Анџелика изгледаше како ангел. Си реков ќе ми биде сѐ“, рече таа и додаде дека секогаш морала да биде силна за ќерка си, бидејќи нејзиниот прв сопруг и татко на Анџелика , тоа го нема во нивните животи.

„Морав да ја пополнам празнината што тој ја создаде во нејзиниот живот. Морав да ѝ бидам татко, мајка, сестра и пријател“, додала таа.

View this post on Instagram

A post shared by (@bigspoonlittlespoon1)


Анџелика не може да го замисли животот без нејзината мајка

- Не знам каде би била, која би била како личност да не беше таа - изјави таа пред камерите.

Мајката и ќерката тврдат дека се духовно поврзани, прават сѐ заедно, па дури и работи кои некои ги сметаат за чудни со оглед на тоа што Анџелика повеќе не е дете, како на пример спиење во ист кревет и капење во иста вода за капење.

„Ако е уште жешка, тогаш ја делиме водата за капење. Мама секогаш оди прва, знам дека тоа ја прави среќна. Таа брзо се бања, а потоа одам веднаш по неа. Отсекогаш сме живееле заедно. Никогаш не сум живеела со кој било друг“, вели Анџелика, а нејзината мајка продолжува: „Кога ќе влезе во водата во која се капев, тоа покажува голема доверба и врска меѓу нас која е необјаснива. Тоа е неверојатно“, објасни Сунхе и додаде дека тие спијат гушкајќи се во кревет.

View this post on Instagram

A post shared by (@bigspoonlittlespoon1)


Работите би можеле да се искомплицираат меѓу мајката и ќерката бидејќи Анџелика запознала момче со кое е во врска веќе некое време. Неговото име е Џејсон.

„Морам да го поделам времето меѓу нив двајца, но очигледно нашето време заедно е најважно“, рече таа.

„Тоа е најважното нешто. Апсолутно. Ние сме приоритет", додала нејзината мајка, но сепак ѝ се допаѓа Џејсон и веќе го опишува на социјалните мрежи како „нејзиниот иден зет".

Коментарите за епизодата со Анџелика и нејзината мајка предизвикаа бура од реакции на интернет, секој има свое мислење за нивната поврзаност. Некои ја нарекоа таа блискост малку „чудна и морничава“.

Извор: zena.blic.rs