Внуката прв пат во јавност, а ќерката на Снежана Ѓуришиќ е копија на мајка ѝ: Четири генерации жени на едно место и не се знае која е поелегантна (ФОТО)
Снежана Ѓуришиќ, позната српска фолкерка, денеска има голем концерт во салата на МТС. Таа прославува 55 години музичка кариера.
Меѓу првите на концертот пристигнаа нејзината мајка, ќерка и внука.
Мајката на Снежана, Дара, за оваа прилика одбрала елегантен розов изглед, елегантна комбинација избрала и нејзината ќерка Маја, која е копија на нејзината славна мајка, а внуката на Снежана која за прв пат ја гледа јавноста, блесна во костум составен од елек и панталони.
Четири генерации жени во ова семејство дефинитивно, од генерација на генерација, наследуваат импресивна убавина, но и уникатен стил во облекувањето.
Инаку, мајката на Снежана Ѓуришиќ своевремено проговори за кариерата на нејзината ќерка.
‒ Го сакав тоа што ќерка ми пее и напредува, а јас бев дома. Воспитував деца и бев домаќинка. Не одев ни на училиште. Прво одделение завршив како одличен ученик, во второ бев многу добра, во трето добра и четврто го повторив. Одев во петто одделение додека не се омажив.
Од друга страна, ќерката на пејачката не живее во Србија.
Ѓуришиќ еднаш откри дека Маја наследила талент за музика.
- Премногу е талентирана, убава, паметна и образована, но повеќе сака да биде со семејството. Таа знае дека оваа работа бара многу жртви бидејќи пораснала во семејство во кое нејзините родители се музичари, па верувам дека тоа е причината поради која не се залагала - изјавила во една прилика Снежана.
Фото: RingierИзвор: Blic.rs