Внукот во чанта и право на прошетка : Тања Кочовска е супер бабичка (ФОТО)

Добивај вести на Viber

Тања Кочовска во мај годинава стана баба, а убавата вест ја сподели на Фејсбук. Внукот од нејзиниот син Александар и снаата Моника го доби името Јоаким, а Тања е пререќна за новата животна улога.

Имено познатата актерка во моментов со внукот е во Елен Камен во Струга, од каде сподели многу интересна фотографија. Таа го стави малото бебенце во својата чанта и тргна на прошетка.


„Вака секаде можеш да си го носиш.“ ; „Носот у облаци, со право“ ; „Многу сте слатки.“ ; „Круша под круша паѓа, каква баба таков внук, уживајте.“ ; „Полна торба љубов.“; „Светска фотографија“ - се само дел од коментарите на нејзините пријатели.

- Станав баба на Јоаким. Многу сум радосна. Отсекогаш сум сакала да бидам баба, уште од млада, моите пријатели тоа го знаеја и ме викаа бабо. Мајката и бебето се супер. Син ми е сега на посета кај нив, по него, одам и јас. Уште сме сите во бунило, и не знаеме каде ќе славиме и кога, но за ваков убав повод, лесно е да се договориш“, рече своевремено Тања.