Во 2 часот по полноќ, по епска ноќ и малку текила: Кортни и Тревис споделија фотки од „лудата“ венчавка
Најстарата сестра од кланот Кардашијан на венчавката, како и нејзиниот вереник, носеше црна кожна јакна и црни очила за сонце. Тие беа прогласени за маж и жена од најмен имитатор на Елвис Присли.
Откако светот го обиколи веста дека Кортни Кардашијан (42) се омажила за својот вереник Тревис Баркер (46) во Лас Вегас, ѕвездата од реалното шоу „Keeping Up With Kardashians“ на својот Инстаграм профил објави фотографии од капелата.
Брзинска венчавка под дејство на алкохол во Лас Вегас: Кортни Кардашијан и Тревис си кажаа „ДА“
- Некогаш во една далечна земја (Лас Вегас) во 2 часот по полноќ, по епска ноќ и малку текила, кралицата и кралот отишле во единствената отворена капела со Елвис и се венчале (нелегално). Вежбајќи до совршенство – напиша Кортни во описот на објавата.
На фотографиите кои ги сподели со своите следбеници, најстарата сестра од кланот Кардашијан носеше црна кожна јакна, како и нејзиниот вереник Тревис. Имитаторот на Елвис беше зад нив со микрофон во рака и на маса со натпис „љубов“.
Кортни и Тревис, како и обично, се гушкаа и се бакнуваа на фотографиите додека таа имаше букет црвени рози во раката.
На фотките што ги сподели Тревис, Кортни лежи на земјата, а според видеата кои ги објавија светските медиуми, таа била во видно алкохолизирана состојба.
Според странските медиуми, двојката ќе има и официјална венчавка, но церемонијата ќе биде многу поголема и пораскошна од оваа пробна во Вегас.
Да потсетиме, парот во трејлерот за новиот реалити проект на Кардашијан „The Kardashian on Hulu“ потврди дека сака дете.
Парот се уште не е официјално во брак бидејќи се венчале „без дозвола“.
За Кортни Кардашијан ова ќе биде прв брак. Таа има три деца од долгогодишната врска со реалити ѕвездата Скот Дисик. Тревис зад себе има два брака и две деца. Скот ја запросил Кортни неколку пати, но поради неговиот алкохолизам и неверство таа го одбила, па тие не се венчале.
извор:24sata.hr