ВО „АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ НАЈСОВРЕМЕН И ДОКАЖАН ТРЕТМАН НА ПАЦИЕНТИ СО КОВИД-19

Добивај вести на Viber

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ располага со комплетно кадровски и технолошки опремен Центар за третман на пациенти со Ковид-19. Центарот има посебен влез и е целосно изолиран и одделен од другите оддели во болницата, со цел да се обезбеди максимална заштита за пациентите и медицинскиот персонал. Приемот на пациентите се одвива според строго утврден протокол, по претходна консултација со инфектолог. Закажувањето на консултација со инфектологот се изведува преку Контакт центарот на болницата 02/30 99 500, а докторот е достапен и преку услугата за online консултации.

Лекувањето на пациентите во Ковид-центарот се одвива според строго одобрени протоколи на Светската здравствена организација, Министерството за здравство на Македонија, како и според веќе утврдените протоколи на здравствената групација „Аџибадем“ и на престижната JCI организација. Во третманот на пациентите со Ковид-19 е вклучен еминентниот инфектолог д-р Патриција Каламарас и д-р Хараламбос Сидиропулос. Во зависниот од здравствената состојба и настанатите компликации во грижата за Ковид-пациентите на располагање е целиот експертски мултидисциплинарен тим од 260 специјалисти и искусни медицински сестри.

Покрај третманот на Ковид-пациентите, Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е единствената болница во земјава која ги нуди сите достапни тестови за детекција на коронавирусот со експресни резултати: стандарден и итен PCR молекуларен тест, како и брзи серолошки тестови за детекција на антителата IgG I IgM.  Болницата нуди и можност за организирано тестирање на територијата на цела Македонија, со мобилна екипа, а по претходно барање од институции и организации.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ е првата болница во земјава и регионот која со примена на ЕКМО технологија го спаси животот на 45 годишен пациент со Ковид -19 во исклучително тешка здравствена состојба со прилично напредната ковид–пневмонија.  Во третманот на пациентот беше вклучен мултидисциплинарен тим доктори од болницата „Аџибадем Систина“ – д-р Митко Караѓозов, шеф на тораковаскуларна хирургија, проф. д-р Александар Николиќ, шеф на кардиохирургија, д-р Димче Славевски, шеф на кардиохируршка анестезија со интензивно лекување, Петар Трајкоски и Сашо Стоилов, кардиоперфузионисти, д-р Никола Шиков, шеф на општа – интензивна нега и инфектолозите д-р Патриција Каламарас и д-р Хараламбос Сидиропулос. Ова е и првиот пациент во Македонија кој е излекуван од Ковид-19 со примена на оваа технологија. Отсега овој апарат ќе се применува и при лекувањето на други пациенти со тешки компликации предизвикани од инфекцијата со коронавирусот.